За нас
Центарот за кариера при Фармацевтски факултет е формиран со цел да воспостави постојани врски меѓу студентите и деловната заедница, да им помогне и да го поттикне интересот на студентите при планирање и насочување на нивната кариера, да го промовира факултетот пред пазарот на трудот и да им пружи помош на студентите при премин од академската средина во професионалното работење. Истовремено, центарот за кариера им помага на идните наши студенти да се запознаат со можностите за студирање на Фармацевтскиот факултет и да ги насочи при изборот на соодветна студиска програма, а води и евиденција за поранешните студенти (алумни).
Нашиот тим
Проф. д-р Јасмина Тониќ РибарскаРаководител на Центарот за кариера |
Проф. д-р Катерина Анчевска Нетковска |
Проф. д-р Рената Славеска Раички |
Проф. д-р Наталија Наков |
КонтактУл, „Мајка Тереза“ бр, 47,
1000, Скопје, Македонија Phone : +389 2 3126 032 лок. 106 Email : [email protected] |