Соработка со компании
Центарот за кариера претставува врска помеѓу студентите и компаниите со што се овозможува ефективен трансфер на знаење од академската средина во професионалното работење.
Соработката со ЦК при ФФ обезбедува различни придобивки за компаниите: a) Презентација на компанијата ЦК во соработка со компаниите организира работилници и настани преку кои компниите имаат можност да ги претстават кариерните можности што ги нуди нивната компанија пред студентите. Воедно и компаниите ќе имаат можност да се запознаат со профилот, успехот и вештините на студентите. б) Постирање на понуди за работа на овој web-портал ЦК дава можност за постирање/огласување на слободни работни позиции на компаниите со кои имаме соработка, овозможува директна комуникација помеѓу студентите и компаниите, и се олеснува процесот за избор на соодветни кандидати. в) Менторства Системот на менторство ги поврзува алумните професионалци во одредено поле со студентите кои се при крај со студиите или младите алумни кои се на почеток на нивната кариера. Системот на менторство обезбедува трансфер на знаење и искуство кон новите генерации, промовира професионален развој и воспоставува врска помеѓу колегите во професијата. |
|
КонтактУл, „Мајка Тереза“ бр, 47,
1000, Скопје, Македонија Phone : +389 2 3126 032 лок. 106 Email : [email protected] |