CAREER CENTER FACULTY OF PHARMACY UKIM
  • Почетна
  • За нас
  • Активности
  • Практиканство
    • Алкалоид АД
    • Рош
    • Аџибадем Систина
  • Настани
  • Соработка со компаниии
  • Алумни
  • Контакт
Picture

Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје
Фармацевтски факултет

Picture

Центар за кариера​

Настани


Успешен прв „Ден за кариерен развој“ на платото на УКИМ

07.06.2022

ПОВЕЌЕ ОД 1000 СТУДЕНТИ ГО ПОСЕТИЈА ПРВИОТ „ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ“ НА ПЛАТОТО НА УКИМ
Повеќе од 1000 студенти го посетија првиот „Ден за кариерен развој“ на платото на УКИМ каде во шест часа програма, студентите имаа можност да се сретнат со 27 домашни компании, да слушнат мотивациски предавања и панел дискусии кои ќе им помогнат на патот на професионалниот развој.

Со интерактивна целодневна програма и успешно реализирани контакти меѓу студентите и компаниите, заврши првиот „Ден за кариерен развој“, во организација на Центарот за кариера на УКИМ и THRIVITY.
На 7 јуни, на платото на УКИМ, испитната сесија доби поинаква димензија бидејќи студентите овојпат имаа друга мотивација, да бидат „на факултет“ за да се претстават себе си пред компаниите, да слушнат и доживеат нови знаења и искуства, од професионалците кои беа дел од мотивациските говорници или учесници на панел дискусиите. Сето ова е во насока да се зголемат можностите за едноставно започнување на професионалната кариера на студентите, кои поттикнати уште за време на студиите ќе ги развиваат своите вештини и компетенции потребни за пазарот на труд.

За време траење на настанот 150 студенти направија професионално CV и се фотографираа за него, а 50 студенти добија директна понуда за практикантство и за прво вработување, на штандовите на 27-те компании кои ги претставија своите можности за вработување.

Настанот го отвори Ректорот на УКИМ, проф. д-р Никола Јанкуловски, кој изјаави дека „Поттикнувањето на интересот на студентите при планирање и насочување на нивната кариера,  ставање фокус на практиканството, поголем акцент на „активно“ учење и поставување на студентот во центарот на наставата, се главни елементи што ги поттикнуваат мотивацијата, креативноста, самоанализата и ангажирањето на студентите во процесот на учење и на стекнување компетенции за вработување, во таа насока е и нашата цел со денешниот настан, кој се надевам дека ќе стане традиција“.

„Задачата на Центарот за кариера на УКИМ  е да биде мост меѓу своите студенти од една страна и бизнис заедницата од друга страна, вмрежувајќи ја младоста и потенцијалот на студентите, со искуството и предизвикот што го нудат компаниите, лидери на пазарот на труд во нашата земја. Тоа го покажавме и направивме директно на првиот Ден за кариерен развој. Искрено се надевам дека нашите заложби ќе ги почувствуваат студентите, како вистинска додадена вредност за време на нивното студирање и за нивното студентско портфолио, бидејќи студентите биле, се и ќе бидат најголемиот капитал на еден универзитет, како идни креатори и двигатели на прогресот на општеството во целост.“ – рече во своето обраќање проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска, раководител на Центарот за кариера на УКИМ.

„Директните средби на студентите со компаниите е најголема придобивка на овој настан, бидејќи компаниите бараат нови кадри, а студентите треба да бидат отворени и да им се претстават себе си. Верувам дека студентите ја сфатија пораката,  да не чекаат, никој нема да дојде дома да ги вработи, дека треба да се активираат и уште во студентските денови да почнат со својот развој, собирање искуства и градење на компетенции.“ – изјави Дејан Ваневски од THRIVITY Кариерен центар.

По овој настан продолжуваат активностите за вмрежување на студентите и компаниите и развивање на нивните професионални потенцијали.  
 
Фотодокументација од настанот може да се најде на следниот линк.
Picture

На платото на УКИМ

ДЕН ЗА КАРИЕРЕН РАЗВОЈ

01.06.2022

Почитувани студенти,

На 07.06.2022 со почеток од 10:00 часот, на платото на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, ќе се одржи целодневниот настан „Ден за кариерен развој“ во организација на УКИМ и THRIVITY. На отворениот настан за студентите, ќе учествуваат етаблирани компании од земјава и странство кои ќе имаат можност да ги презентираат своите можности за вработување и практикантство за време и по завршувањето на студиите.
 
Интерактивниот настан ќе трае осум часа, а програмата ќе биде исполнета со панел дискусии и кратки мотивациски обраќања кои ќе ги поттикнат, насочат и ќе им помогнат на студентите во нивниот иден кариерен развој.

Мотивациски говорници се:
  • Оливер Хафербек – глобален сениор заменик претседател на Innovation AT und CEO Sensile Medical AG, Advanced Technology – Инспирација за вработување, глобална отвореност на пазарот на труд
  • Дејан Ваневски – THRIVITY - Развој на компетенции – мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите
  • Проф. д-р Софија Георгиевска, Филозофски факултет, УКИМ - Кариерно советување во високото образование – позитивни светски практики

А темите на панелите се:
  • Важноста на практикантството и подготовка за прво вработување на студентите
  • Хибридни професии – новата реалност за младите и компаниите

Модератор на панелите е Огнен Јанески.

Со свои штандови на настанот ќе се претстават повеќе од 25 компании, меѓу кои: Алкалоид, Раде Кончар, Филип Морис, Реплек, Скопска Пивара, Еуроникел, Мак Прогрес, ПроКредит Банка, НЛБ Банка, Халк Банка, Шпаркасе Банка, Лакталис, Gerresheimer, Индитекс, Van Hool, Slice, TaskForce, Нелт, Вива сокови, Веста дрогерија, Варус/Бионика, Рамстор, Адинг, Џонсон Мети, DS Smith, Тиквеш, Макстил и British American Tobacco.

Покрај штандовите на компаниите, на самиот настан ќе има и претставници од Асоцијацијата на кариерни советници кои ќе им помогнат на студентите да изработат професионално CV и кои ќе се достапни за непосреден разговор и кариерно насочување.

За време на настанот за доброто расположение ќе се погрижат повеќе диџеи, а ќе бидат организирани и зони за забава и освежување.

Агенда на настанот
  • 09:30 Пристигнување на компаниите и нивно сместување
  • 10:00 Пристигнување на студенти и други поканети гости
  • 10:30 Отворање на настанот и кратко претставување на агендата на главна бина
    • Обраќање на ректор
    • Oбраќање на раководителот на Центарот за кариера на УКИМ
    • Обраќање на претставник од THRIVITY
  • 11:00 Заедничка обиколка на организаторите и говорниците на сите штандови
  • 11:30 Панел дискусија #1 (Тема: Важноста на практиканството и подготовка за прво вработување на студентите)
  • 12:10 Музички сет #1
  • 12:30 Мотивациски говор # 1 (COO Sensile Medical Switzerland: Инспирација за вработување – глобална отвореност на пазарот на труд Inspiration for employment – globally open labor market)
  • 13:00 Панел дискусија #2 (Хибридни професии – новата реалност за младите и за компаниите) Асоцијација на кариерни советници
  • 13:30 Музички сет #2
  • 14:30 Мотивациски говор #2 (Развој на компетенции – мостот помеѓу формалното образование и барањата на компаниите) Активатор
  • 14:45 Музички сет #3
  • 15:30 Мотивациски говор #3 (Кариерно советување во високото образование – позитивни светски практики) проф. д-р Софија Георгиевска
  • 15:50 Музички сет #4

Picture

Зборуваме отворено за Практиканство

07.10.2021 година

Со големо задоволство го најавуваме првиот од новата серија настани во организација на Центарот за кариера на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и THRIVITY.
Ќе дискутираме за активностите кои Центарот за кариера на УКИМ и THRIVITY ги превземаат за да ги подготват студентите за нивниот кариерен развој, кои се придобивките за студентите од практиканството, како е организирано практикантството во компаниите и зошто е важно практиканството како чекор до првото вработување.
На настанот ќе говорат претставници од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претставници на реномирани македонски компании.
Настанот е бесплатен, а за да можете да го следите онлајн треба да се пријавите на следниот линк -https://thrivitycareercenter.mk/.
Затоа што заслужувате успешна кариера!

Зборуваме отворено за Современи студиски програми

02,11,2021 година

Со големо задоволство го најавуваме вториот настан од серијата на едукативни настани „Зборуваме отворено за...” во организација на Центарот за кариера на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје и THRIVITY кариерниот центар.
На овој настан „Зборуваме отворено за современи студиски програми” ќе дискутираме за процесот на подготовка на современи студиски програми ориентирани кон потребите на пазарот на труд, светските трендови во високото образование, како и за механизмите што треба да се воспостават помеѓу академската и деловната заедница со цел усогласување на студиските програми со потребите на пазарот на труд.
На настанот ќе говорат претставници од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и претставници на реномирани македонски компании.
Настанот е бесплатен, а за да можете да го следите онлајн треба да се пријавите на следниот линк - https://thrivitycareercenter.mk/.

Отворен ден на УКИМ

30.11.2021

Драги наши идни студенти,
Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 30 ноември 2021 организира ,,Отворен ден на УКИМ”.
Настанот ќе се одржи online преку платформата Microsoft Teams 
http://www.ukim.edu.mk/otvoren-den 
Запознајте ги одблиску професорите и студентите, прашајте сè што ве интересира за студиските програми, можностите за стипендирање, слушнете ги искуствата на студентите, нивните активности и вклученост во научноистражувачките проекти, дознајте за можностите за меѓународна размена, за студентскиот живот, за практикантството, за кариерните можности....
Студирајте на Универзитетот со најдолга традиција во нашата земја!
Учете од најдобрите, студирајте на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје!

Научен спектар

21.03.2022

На 28.02.2022 година беше емитувана првата, од двете епизоди на емисијата Научен спектар, посветена на темата Отворена наука.
Првата емисија можете да ја погледнете тука
https://www.nosci.mk/?p=439&lang=mk
На 21.03.2022 година беше емитувана и втората епизода од емисијата Научен спектар, во која се говори на темата за отворена наука.
Емисијата можете да ја погледнете тука
https://www.nosci.mk/?p=444&lang=mk
Picture

Зборуваме отворено за науката

12,04,2022 година

УКИМ има цврста заложба за движење во чекор со времето и новините кои ги носи светот на откритијата, свет кој создава цивилизациски придобивки и го подобрува општеството во целина.
Драги студенти, вклучете се на 12-ти Април во 12 часот на Zoom, бидете дел од дебатата за наука и откријте зошто сте Вие потребни.
За да можете да го следите настанот онлајн, потребно е да се пријавите на www.thrivitycareercenter.mk.
Ве очекуваме!
Зборуваме за наука!
Зборуваме за младите!

Контакт

Ул, „Мајка Тереза“ бр, 47,
1000, Скопје, Македонија
Phone : +389 2 3126 032 лок. 106
Email : [email protected]
Powered by Create your own unique website with customizable templates.
  • Почетна
  • За нас
  • Активности
  • Практиканство
    • Алкалоид АД
    • Рош
    • Аџибадем Систина
  • Настани
  • Соработка со компаниии
  • Алумни
  • Контакт