Драги студенти,
Со големо задоволство ја најавуваме првата работилница од серијалот ,,Кариерен пат на еден алумни”. 👩🎓👩🔬 Драги матуранти, наши идни студенти!
Ве покануваме на „Отворен ден на Фармацевтски факултет“ при Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, којшто ќе се одржи на 5 декември 2024, во два термина: ⏰ во 11:00 часот и во 13:00 часот. Центарот за кариера на Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје
во соработка со Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности организира дводневна обука на 03.10 и 04.10.2004 на Фармацевтскиот факултет на тема: ПРИСТАП ДО ФИНАНСИРАЊЕ НА ПРОЕКТИ И ПРАКТИЧНИ ПРИСТАПИ ЗА РАЗВОЈ НА ПРОЕКТИ Центарот за кариера при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, денес, на 12 април 2024 г., со почеток во 11:00 часот до 15:00 часот, на платото на УКИМ, одбележа два настана – „Отворен ден на УКИМ“ и „Ден за кариерен развој на УКИМ“.
Денеска, со завршен настан за проектот „Зелени хроматографски методи за контрола на квалитетот на лековите“, заокружуваме уште една успешна соработка со Центарот за кариера и со Фармацевтскиот факултет – Скопје при УКИМ.
Предизвик, возбуда, задоволни и насмеани лица на денешниот настан ,,Јас, Фармацевт - компаниите за студентите”
Центарот за кариера на Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје и ФССФФ водени од позитивните искуства од минатогодишниот настан и оваа година со големо задоволство го организираат „Јас, Фармацевт - компаниите за студентите" на 12 март во 11:00 часот!
Дали сте подготвени да ја унапредите својата кариера преку практично искуство и нови предизвици?
Ве покануваме на презентацијата на програмата за практикантство во Алкалоид АД Скопје. Локација: Предавална 3, Фармацевтски факултет - Скопје Датум и време: 8 март 2024, 10:30ч. Барањето работа е работа со полно работно време, а успехот зависи од вашата упорност и посветеност на градење на оваа вештина.
Сакаш да инвестираш во својата иднина?
Сакаш факултет кој ти нуди квалитетно знаење, простор за личен развој и многу кариерни можности по завршувањето на студиите? Запиши се и студирај на Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје! Драги студенти,
Ве покануваме на информативен ден со Зегин, организиран со цел да се запознете со можностите за практикантство , менторство преку гемификација, како и проектите кои ги има нашата компанија за Вас студентите на Фармацевтски факултет! Зегин и Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје потпишаа Меморандум за соработка во насока на унапредување на едукативните, истражувачките и апликативните активности што се од заеднички интерес во научната и стручна дејност од областа на фармацијата.
Почитувани студенти,
Центарот за кариера на Фармацевтскиот факултет при УКИМ во Скопје, во соработка со Реплек организира работилница на тема „Развој на аналитички методи: од теорија во пракса“. Сакаш да инвестираш во својата иднина?
Сакаш факултет кој ти нуди квалитетно знаење, простор за личен развој и многу кариерни можности по завршувањето на студиите? Запиши се и студирај на Фармацевтски факултет, УКИМ во Скопје! Драги матуранти, наши идни студенти!
ОТВОРЕН ДЕН на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј” во Скопје, на 27 април 2023 година во два термина, во 10:00 часот и во 12:00 часот, со физичко присуство на секој од факултетите! |
Archives
May 2025
Categories
All
|